Шојбле: Германија направи грешка со политиката за „отворени врати“ за мигрантите

Германија направи грешка со политиката за „отворени врати“ за мигрантите, поради што за две години повеќе од милион мигранти влегоа во земјата, призна денеска германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле, додавајќи дека Берлин се обидува да научи од тие погрешни чекори.

Шојбле оцени дека Европа мора да разгледа друга распределба на мигрантите меѓу земјите членки, наведувајќи дека на оваа тема до сега е гледано како табу-тема во Германија.

Тој наведе дека е скептичен за начинот на управување на новиот американски претседател Доналд Трамп, особено по неговата одлука за забрана на влез во САД на лицата од седум муслимански земји.