Скопје дел од Европската стартап недела

„Осмели се, започни свој бизнис!“, е мотото на „Европската стартап недела“ што почнува денеска, а во која со активности се вклучува и Скопје заедно со уште 220 градови од 40 држави.

Главна цел е  промовирање на претприемништвото и можностите кои се на распологање на сите оние кои имаат желба да започнат сопствен бизнис.

„Европската недела на стартапи“ ќе се одвива на повеќе локации во Скопје со секојдневни работилници и  предавања. Ќе трае  до 10  февруари кога ќе се одржи завршна конференција во ЕУ Инфоцентар.

Во активностите се вклучени успешни претприемачи, иноватори, компании, институции и  организации клучни за поддршка на новите стартап бизниси.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.