понеделник, 29 мај 2017  |  Вести денес: 46

Џорџ Мајкл се’ уште не е погребан, се чакаат токсиколошки резултати

Аутопсијата првично не ги даде сите одговори, а резултатите од повторените токсиколошки испитувања направени веднаш потоа, се уште не се добиени. По се, изгледа дека на нив ќе се чека уште неколку недели.

џорџ-мајкл

Последни вести

Познатиот пејач Џорџ Мајкл почина на 25 декември, но семејството се’ уште не знае кога ќе биде погребот.

Имено, како што пишува таблоидот „Сан“, аутопсијата првично не ги даде сите одговори, а резултатите од повторените токсиколошки испитувања направени веднаш потоа, се’ уште не се добиени. По се, изгледа дека на нив ќе се чека уште неколку недели.

– Резултатите би требало да бидат готови до крајот на месецов. Немаме нови информации, а според полицијата, смртта на Џорџ Мајкл е сомнителна, изјави неименуван извор за списанието.

Токсиколошките резултати треба да покажат дали во моментот на смртта на пејачот, во неговото тело имало лекови, наркотици или алкохол,  кои можеби ја предизвикале неговата смрт.

Најчитани вести