четврток, 20 јули 2017  |  Вести денес: 47

Совети за добар секс што треба да ги знае секој пар

Ако не сакате да паднете во замката на сексуалната монотонија, мора да бидете поотворени за експерименти и испробување на нови работи.

01-tajni-za-seksot-1234

Поврзани вести

За вашата врска да биде успешна, треба веднаш да почнете да ги правите следните работи.

  • Квантитетот може да биде во опаѓање како што минуваат годините, но квалитетот генерално би требало да биде во пораст.
  • И двајцата имате исто право на оргазам и ничиј не е поважен од оној другиот.
  • Компромисот е тајна на добриот секс, па ако тој нешто сака, а вие не сте некој фан, направете го тоа поради него, па тој ќе го направи истото за вас.
  • Ако не сакате да паднете во замката на сексуалната монотонија, мора да бидете поотворени за експерименти и испробување на нови работи.
  • Немојте на сексот да гледате како на нешто сериозно, туку како на добра забава. Толку работи можат да бидат погрешни во сексот, но начинот на кој реагирате на нив може да ги исправи, а не` разбирате. На пример, кога ќе се случат некои чудни звуци. Опуштете се!
  • Никогаш немојте да го користите сексот како средство за остварување на вашите цели, односно контролирање на партнерот, бидејќи од тоа нема да излезе ништо добро.
  • Само затоа што сте во долга врска и сте имале секс безброј пати, тоа не значи дека сега сексот морате само да го „одработувате“. И понатаму трудете се да го направите посебен, кога и да сте во можност.
  • Сосема е нормално понекогаш да немате желба за секс, бидејќи ве мачат грижи надвор од спалната соба. Но, се` додека не поминува премногу време помеѓу вашите сексуални сесии, нема потреба за грижа.

Најчитани вести