четврток, 25 мај 2017  |  Вести денес: 34

Украина прогласи вонредна состојба во енергетиката

Киев за своите електроцентрали и натаму купува определен тип на јаглен, што се добива само во сепаратистичките проруски источни региони, забележуваат француските медиуми.

ukraina-1

Последни вести

Украина вчера прогласи вонредна состојба во енергетиката и предупреди дека може да дојде до запирања во снабдувањето со електрична енергија заради блокадата од ултранационалисти на железничката инфраструктура што ги поврзува источните региони, каде се наоѓаат рудниците за јаглен, и останатиот дел од земјата.

Одлуката за прогласување на вонредната состојба во енергетиката беше донесена на седница на Владата, која се обидува да ја ограничи потрошувачката на електрична енергија, пренесува БТА.

Киев за своите електроцентрали и натаму купува определен тип на јаглен, што се добива само во сепаратистичките проруски источни региони, забележуваат француските медиуми.

Министерот за енергетика, Игор Насалик, изјави дека населението и индустријата треба да штедат електрична енергија.

– Ќе има запирања на струјата за да се урамнотежи функционирањето на украинскиот енергетски систем, но само доколку мерките за штедење се покажат недоволни, додаде тој.

Украинските ултранационалисти блокадата на железничката инфраструктура ја условуваат со аргументот дека Киев не треба да тргува со бунтовниците на истокот од земјата.

Украина вчера ги обвини руските хакери дека со нов вирус ги напаѓаат енергетскиот и финансиски систем и другата инфраструктура, упаѓајќи во индустриските процеси, пренесоа британските медиуми.

Најчитани вести