Македонско-српски бизнис форум

Стопанската комора на Македонија денеска во Скопје организира деловни средби меѓу македонски и српски компании со цел унапредување и интензивирање на економската соработка меѓу двете земји.

– Целта на посетата на српската бизнис делегација и организирањето на билатералните деловни средби е понатамошно интензивирање на економските релации помеѓу двете земји, како и воспоставување нови, повисоки облици на соработка меѓу компаниите од повеќе различни сектори согласно пројавениот интерес, велат од Комората.

На бизнис средбата официјално ќе биде конституиран Македонско-српскиот / Српско-македонскиот деловен совет што ќе функционира во рамките на двете комори и ќе служи како мост за интензивирање и зајакнување на досегашната соработка и поврзување на стопанските субјекти од двете земји.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.