Села: Целта е кантонизација на Македонија

Главниот фактор кој во идната коалиција на Зоран Заев треба да ги носи реформските процеси, Зијадин Села вчера за Телма потврди дека останува на се што кажал пред сопствените избирачи во предизборниот период.

Села, во изјава за телевизија вели дека и сега ги брани барањата од интерес на Албанците во Македонија, но дека не гледа никаков радикализам кај себе.

-Гледам дека имаат, собираат од целата моја политичка кариера, се што сум изјавил. Јас немам проблеми со моите ставови, тие не се насочени против ниеден во државата, вели Села за Телма.

Во настапите пред своите избирачи Села говори за плановите за двојазичност и федерализација на Македонија.

-Ме радува тоа што Никола Груевски ја сфати пораката на нашата политичка платформа. Деновиве кажува дека нема да дозволат кантонизација на Македонија и дека нема да дозволат двојазичност, но ова е суштината на платформата на Алијансата за Албанците, вели Села.

-Ние во ниту еден момент нема да се откажеме од бинационална држава. Или целосна рамноправност помеѓу Албанците и Македонците или ние Албанците тука сите заедно ќе формирање федерација, вели Села.

И поранешниот белгискиот посредник на Меѓународната заедница за Пржинскиот договор, Питер Ванхауте ја откри вистинската намера на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и јавно почна да ја промовира федерализацијата на Македонија.

Ванхауте за порталот „Medium.com“ напиша дека федерализацијата во деведесеттите била ефикасна алатка за решавање на конфликти, како и дека за Македонија таа би била позитивна работа и оти би создала стабилност.