Јужна Африка: Дваесет деца загинаа во сообраќајна несреќа

Најмалку 20 деца загинаа во сообраќајна несреќа во најголемиот град во Јужна Африка, Јоханесбургкоја се случила кога училишниот минибус што ги превезувал удрил во камион и во него избил пожар.

Според локалните власти, повеќето деца биле заробени во завтобусот и веднаш починале при сударот. Неколку деца ја преживеале несреќата и тие веднаш се хоспитализирани. Истрагата за причините за несреќата е во тек.