Македонија

Децата со посебни потреби ќе добијат игралиште

Децата со посебни потреби ќе добијат игралиште

Децата со посебни потреби наскоро ќе добијат игралиште на просторот пред надвозникот во населбата Ѓорче Петров, во рамките на повеќенаменското спортско игралиште.

Ова е прво игралиште од ваков вид во општина Ѓорче Петров, кое зафаќа површина од 320 квадратни метри.
За лицата со посебни потреби се поставени соодветни реквизити, а патеките што водат до нив ќе бидат лесно пристапни.

Локалната власт најави дека иглиштето ќе се огради со бетонска ограда, а ќе биде поставена и гумена подлога.