Груевски: Делата на ВМРО-ДПМНЕ се за сите граѓани без разлика на националноста

Делата на ВМРО–ДПМНЕ се насочени кон подобрување на животот и стандардот на секој граѓанин без разлика на неговата националност  а не само за припадници на одредени заедници, исткна попладневно премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на митингот во Струга.

Тој потенцираше дека воведените субвенции во земјоделството ги користат сите земјоделци без оглед на нивната национална или било каква друга припадност.

„Субвенциите ги користат и Албанци и Македонци, Турци и Роми, Срби и Власи и сите оние што живеат во Македонија“, потенцираше Груевски.

Сите проекти, како што рече тој, кои што се спроведуваат немаат еднонационална димензија тие секогаш се и ќе бидат од интерес на сите без разлика дали се Македонци, Албанци, Турци и други.