Балкан

Ердоган: „Твитер“ е наш внатрешен проблем

Ердоган: „Твитер“ е наш внатрешен проблем

„Твитер“ не е предмет на одлуките на турскиот суд, поради што властите во земјата го забрануваат пристапот до социјалната мрежа, пренесе „ИТАР-ТАСС“.

Мерката е внатрешно прашање за Турција, изјави во предизборно интервју премиерот на земјата Реџеп Таип Ердоган.

„Европската унија да се занимава со своите работи. Она што ние го направивме, е внатрешен проблем . Зошто ЕУ ги игнорира случувањата во другите земји? Нека се однесуваат со нас како сите други“, истакнал Ердоган коментирајќи ги критиките на европските земји.