296.000 евра државна донација за фирма која ја води претседателот на СДСМ Кавадарци

Уште еден скандал во Фондот за инвации. Компанијата Кодинг – Горска ДООЕЛ добила 18.227.237 денари, односно 296.000 евра од Фондот за иновации за „Воведување на нов вид на производ во нова амбалажа, дизајн и етикета за горска вода со алое вера и ацерола“, објави порталот Лидер.

Директор на производство (практично втор човек), во оваа компанија е Горан Тодоров, претседател на општинската организација на СДСМ Кавадарци. Иновативноста која ја покажува компанијата на Тодоров, е во тоа што измислиле нова амбалажа, етикета и водата ќе им била со вкус на алое вера и ацерола.

Инаку Тодоров не е единствениот Социјалдемократ иноватор. До сега, Лидер откри дека печатницата на пратеникот од СДСМ Хари Локвенец добила 10 милиони денари од Фондот за иновации а истата сума ја добил и провладиниот весник „Слободен Печат“. Во исто време, вчера ТВ Алфа откри дека истата сума ја добила и компанија на вицепремиерот Кочо Анѓушев.