Македонија

Врховниот суд на Индија му одреди кауција на Субрата Рој

Врховниот суд на Индија му одреди кауција на Субрата Рој

Тимот на адвокати на Сахара поднесоа жалба до првостепениот суд во вторникот за ослободување на Рој и на уште двајца директори на Групацијата со кауција, давајќи гаранција дека ќе му бидат достапни на судот во секое време.

Дополнително, тие поднесоа жалба за одлуката за нивно затворање, оценувајќи ја за незаконска, дополнително наведувајќи дека со неа се прекршени фундаменталните човекови права.

Врховниот суд на Индија денескa му одреди условна кауција на шефот на Сахара групацијата, Субрата Рој. Притоа, Сахара Групацијата треба да приложи 10 000 крори (1,2 милијарди евра) на Пазарното регулаторно тело на Индија – СЕБИ, од кои половината треба да бидат исплатени во кеш и остатокот преку банкарска гаранција.

Рој беше уапсен на 28-ми февруари, откако не се појави на сослушувањето на долгата правна битка помеѓу Групацијата и СЕБИ, поради долг на компанијата кон инвеститорите. По апсењето, тој беше сместен во затворот Тихар од 4 март до денес.

Во вторникот, Сахара групацијата поднесе нов предлог пред Врховниот суд за обештетување на инвеститорите. Сахара се согласи да плати 20 000 крори (2,4 милијарди евра) до 15 март 2015 година на рати – 2500 крори (300 милиони евра) во наредните 3 работни дена, три транши од 3500 крори (420 милиони евра), по една на крајот на јуни, септември и декември, како и 7000 крори (850 милиони евра) до март 2015 година. Овој предлог додава уште 3000 крори (360 милиони евра) на последниот предлог кој го достави Групацијата.

Тимот на адвокати на Сахара поднесоа жалба до првостепениот суд во вторникот за ослободување на Рој и на уште двајца директори на Групацијата со кауција, давајќи гаранција дека ќе му бидат достапни на судот во секое време. Дополнително, тие поднесоа жалба на одлуката за нивно затворање, оценувајќи ја за незаконска, дополнително наведувајќи дека со неа се прекршени фундаменталните човекови права.

Субрата Рој и останатите двајца директори беа уапсени, откако не успеа да ги убеди судиите дека е сериозен за обештетување од речиси 20 000 крори (2,4 милијарди евра) за два инвеститорски проекти на Сахара, кои судот ги прогласи за незаконски во 2012 година.

Адвокатите на Групацијата претходно понудија да ја достават сумата од 2500 крори (300 милиони евра) во рамките на СЕБИ – додека остатокот ќе биде исплатен на рати на секои три месеци. Меѓутоа, СЕБИ поднесе тужба до Рој и Сахара Групацијата поради непочитување на одлуката на Судот во 2012 година за исплаќање на средствата. Од друга страна пак, Сахара тврди дека на повеќето инвеститори им се вратени средствата и преостанатиот долг е помалку од 5000 крори (600 милиони евра), што се депонирани кај СЕБИ.