Чилиманов: Дали СДСМ ќе уништува медиуми кои известуваат критички за нив

Во вчерашната дебата на емисијата „Отворено Студио“ на ТВ Нова гостуваше Цветин Чилиманов кој говореше за монтирани извештаи и притисоците на СДСМ врз новинарите.

„Агенциите коишто ги прават извештаите ги прават со десет новинари, коишто ќе бидат однапред одбрани од некоја невладина на Сорос, ќе дадат оцена за медиумската состојба ќе напишат дека сé е катастрофа на ниво на Авганистан и на такви извештаи амбасадите им климаат со главата да во ред е така во право сте, тоа е проблем и треба да се решава“, појаснува Чилиманов и додаде.

„Некој од членовите од СДСМ во Ад-хок телото, колегата Трпеновски, еднаш отворено кажа на собир со повеќе амбасадори дека по изборите доколку СДСМ победи и формира влада, врз основа на извештаите на Ад-ок телото и Агенцијата за медиуми ќе се затвораат телевизии коишто биле небалансирани. Јасно е дека тоа некој му го кажал нему, не е тој толку паметен сам да го смисли, значи јасно е дека затоа се зборувало во редовите на СДСМ, јасно е дека така размислувале дека тие извештаи или идни извештаи коишто ќе ги направи Агенцијата за медиуми ќе служат како основа за одземање на лиценци доколку не им успее овој план со финансиско осакатување или уништување да се уништат медиумите кои што би известувале критички за СДСМ“, рече Чилиманов.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.