3.000 земјоделци од Кумановско поделе барање за субвенции

Околу 3.000 земјоделци од Липково, Старо Нагоричане и Куманово поднеле барања за субвенции. Од подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостипанство, велат дека и оваа година, исто како и минатата заинтересираноста за субенционирање на растителните производи е голема. Оттаму додаваат дека рокот за пријавување трае до 31 мај.

“ И оваа и минатата година имаме голема заинтересираност за субвенционирање на земјоделството во кумановскиот крај. За овие три места минатата година имавме поденсено 6.000 барања. Не радува фактот што земјоделците немаат никаков проблем за аплицирање, бидејќи процедурите се мошне едноставни, а помалку од 1 отсто од земјоделците не го испочитуваа рокот до 15 март за проверка на нивните капацитети во единствениот регистар за земјоделски стопанства”, вели Бранкица Павловска, од подрачната единица на ресорното министерство.

Павловска апелираше до земјоделците да не го чекаат последниот ден за да аплицираат за субвенции.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.