3.500 бегалци влегле во Македонија изминатото деноноќие

Околу 3 илјади бегалци биле префрлени со пет специјални возови изминатово деноноќие од платформата кај прифатниот камп во Гевгелија до кампот во Табановце.

Утрово на платформата кај кампот на утовар чекаше првиот воз за денес, а на железничката станица во Гевгелија на повик за превоз на бегалци подготвено чекаат уште два воза, информираа од железничката станица.

Од Гевгелија до Табановце вчера заминале 3.500 бегалци

migranti1-650x310Според проценката на УНХЦР, во текот на вчерашниот ден од Гевгелија кон Табановце заминале околу 3.500 бегалци, од кои поголемиот дел биле превезувани со воз, а помал дел со автобуси и такси возила.

Според нив, работите на терен во прифатниот камп се одвиваат беспрекорно од страна на сите чинители вклучени во справувањето на бегалската криза, а постигнато е високо ниво и во организацијата на транспортот на бегалци кои веднаш по евидентирањето заминуваат од јужната кон северната граница на Македонија, пренесува МИА.

Бегалци измачувани од унгарската полиција

ungarijaФотографија објавена на Твитер уште еднаш докажа дека поголемиот број бегалци во Унгарија не поминуваат баш најдобро. На фотографијата може да се види како полицајци измачуваат бегалци во Унгарија присилувајќи ги да клечат во ред додека чекаат билети.

Емигрантите, голем број семејства со деца, мирно се качиле во возот. Сами, 35-годишен Сириец, им го покажал на новинарите билетот од 120 евра за Минхен.

„Шест дена јас и двата сина спиевме на земја како кучиња. Денес, ако даде господ, ја напуштаме оваа земја и ќе ѝ се придружиме на мојата сестра во Минхен“, рекол Сами.

Бегалци го блокираа сообраќајот во тунелот под Ла Манш

Шест возови Еуростар беа блокирани пред два дена поради група бегалци, кои биле на шините во тунелот под Ла Манш, на француска територија.

Еуростар, компанија чии возови сообраќаат меѓу Лондон и Париз или Брисел соопшти дека пет нејзини возови стоеле на влезот во тунелот на француска страна бидејќи имало луѓе на шините.

Шините биле блокирани од група луѓе, поради што возот пред влезот во тунелот на француска страна морал да запре.

Портпаролот на француската железница СНЦФ, соопшти дека шестиот Еуростар воз, што сообраќал од Лондон за Париз морал да се врати во британскиот главен град.

Групацијата Евротунел објави дека сообраќајот на камиони со вагони се одвива нормално.

Шините биле блокирани од група луѓе, поради што возот пред влезот во тунелот на француска страна морал да запре. Откако запрел редарските служби интервенирале за негова евакуација. Сообраќајот е повторно овозможен, откако полицијата го ослободила подрачјето околу 1:30 по локално време, изјави портпаролот на француската железница.

 

 

Околу 3.000 бегалци, во најголем дел од Африка, се наоѓаат во Кале и околината, од каде се обидуваат да дојдат до Англија.