3 пијалаци од кои ќе се разубавите, ќе ослабете и ќе заблескате

Во денот ви е потребна енергија која лесно и брзо ќе ја добивате и обновувате. Затоа, најдобар избор ви е некој пијалак кој ќе ве освежи во истиот момент.

Веќе добро знаете дека се препорачува наутро на празен желудник да се напиете чаша топла вода, па дури по половина час да појадувате. За тоа не ви треба ни време ни пари, а многу му годи на вашиот организам.

Ова се уште 3 пијалаци кои се препорачани од нутриционистите за да ве освежат, разубават, но и за да ви ја одржат линијата.

Топла лимонада

Топлата лимонада, односно лимон исцеден во чаша топла вода со додаток на мед или без, е одлична за исфрлање на токсините и подобро варење. Лимонската киселина го забрзува разложувањето на масти.

Истовремено, комбинацијата на витамин Ц и селен го забавува стареењето, а витаминот Б го чува здравјето на нервниот систем.

3-pijalaci-od-koi-ke-se-razubavite-ke-oslabete-i-ke-zableskate-1.jpg


Јогурт со ленено семе, сусам и сончоглед

Луѓето кои имаат проблем со опстипација, пред појадокот треба да испијат чаша јогурт во која претходно има додадено лажичка мелено ленено семе, лажичка сусам и сончоглед.

Измешајте сè заедно и оставете го да отстои половина час, па испијте го. Препорачливо е сите состојки да се измелени непосредно пред да ги додадете во јогуртот. Опстипацијата ќе биде регулирана по неколку дена.

3-pijalaci-od-koi-ke-se-razubavite-ke-oslabete-i-ke-zableskate-2.jpg


Зелен чај

Овој пијалак не е добар само за детоксикација на организмот, туку и на косата и ноктите. Испијте една шолја наутро, пред појадокот. Зелениот чај воедно е и антиоксиданс.

Овие пијалаци може да ги пиете и во друг временски период бидејќи не се силни, ниту штетни, но сосем е доволно да ги консумирате еднаш дневно, а најдобро е наутро пред појадокот.

3-pijalaci-od-koi-ke-se-razubavite-ke-oslabete-i-ke-zableskate-3.jpg