3 совети за побрз раст на косата

Не постои волшебна формула што веднаш ќе ве претвори во самовила, но здравата кожа на главата може максимално да го поттикне растот на косата. Ако комбинирате разновидна исхрана со стимулативна нега и ако пиете витамински суплементи, косата во просек ќе ви расте сантиметар месечно. Освен тоа, ќе се чувствувате здраво и нема да се оптоварувате со изгледот на својата фризура.

Заборавете на пресата: Направете маска за трајно исправување на косата!
Заборавете на пресата: Направете маска за трајно исправување на косата!

Јадете протеини за појадок и за ручек

Предлагаме да изедете 100-150 г месо, половина шолја белки или еден јогурт. Кога ќе го придвижите метаболизмот наутро и кога ќе јадете почесто а помалку, ќе имате доволно хранливи материи за регенерација на ткивата во текот на денот.

Редовно мијте ја косата

Натрупувањето на нечистотиите во коренот на влакното го спречува неговиот раст. Колку е почиста кожата на главата, толку ќе ви биде поздрава косата. Ако е потребно, мијте ја секој втор ден, но не почесто.

Масирајте го темето

Стимулацијата ја поттикнува циркулацијата во коренот на влакното со што се подобрува текстурата на влакната. Додека се туширате, масирајте го коренот на косата со мали кружни движења. Потоа ставете хранлива маска на краевите или во коренот на косата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.