вторник, 29 ноември 2016  |  Вести денес: 37

30.000 долари за реконструкција на спортските објекти во поплавените подрачја во скопско

Во координација со Градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски се очекува градежните работи набрзо да започнат, а договореното да биде реализирано.

mok

Последни вести

Претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Васил Тупурковски во директни разговори и преговори со Претседателот на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) Томас Бах, обезбеди 30.000 долари за реновирање на поплавените спортски објекти на територијата на општина Гази Баба.

Финансиските средства ќе бидат наменети за санирање на штетите и реновирање на оштетените спортски објекти кои беа погодени на подрачјето на град Скопје, поточно Општината Гази Баба за време на катастрофалните поплави во месец август оваа година.

Во координација со Градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски се очекува градежните работи набрзо да започнат, а договореното да биде реализирано.

Најчитани вести