30 килограми марихуана откриени на хрватско-босанската граница

Полицијата во Дубровник вчера пронајде речиси 30 килограми марихуана во автомобил со регистарски таблички од БиХ, кој се обидувал да влезе во Хрватска.

Полицијата соопшти дека побарала судски налог за детална проверка на возилото откако возачот, државјанин на БиХ, со кого бил и еден Црногорец, на увид покажал возачка дозвола од Србија, за која се посомневале дека е фалсификувана.

При проверката откриен е посебно изработен бункер под седиштата на возачаот и совозачот, во кој имало 31 пакет со вкупно 29,5 килограми марихуана.

Вредноста на запленетата марихуана се проценува на над 100.000 евра.