Македонија

30 милиони денари владина поддршка за учество на земјоделски саеми

30 милиони денари владина поддршка за учество на земјоделски саеми

Со 30 милиони денари или 500.000 евра Владата годинава ќе го поддржи учеството на македонските земјоделски компании на најрелевантните светски саеми и настани.

Како што рече денеска владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, ова е само продолжување на досегашната позитивна практика која даде одлични резултати. Целта не е да се промовираат одредени компании и нивни производи, туку напротив, да се овозможи групно, заедничко претставување на македонското овошје, зеленчук, вино,…

– Идејата е да се промовира бреднот на македонското земјоделско производство, да се создадат нови бизнис контакти и да се обезбеди поголем извоз, нагласи Ѓорѓиев.

Финансиската поддршка ќе се реализира во две категории: средства за организирано учество на саеми и средства за присуство на таргетирани настани за промоција на македонските вина.

Оваа владина мерка, потсети портпаролот, е дел од проектот креиран во соработка со здруженијата на производители на вино и на овошје и зеленчук, економските промотори и стопанските комори, под патронат на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Во 2013 година резултатот од учеството на саемските манифестации и таргетираните настани за промоција беше склучени зделки во изноз од преку 12 милиони евра.