Свет

30 милиони долари за информација за урнатиот авион во Украина

30 милиони долари за информација за урнатиот авион во Украина
Откриено кој го собори малезискиот авион над Украина

Германската компанија „Wifka“ понуди 30 милиони долари за оној кој ќе даде информации во врска уривањето на малезискиот авион во Украина.

Компанијата која ја ангажирал засега непознат клиент истражува кој го урнал авионот МХ17, кој издал наредба, кој ги прикрива доказите, кој е директно одговорен, што се случило со војниците кои пукале директно на авионот и имињата на луѓето кои биле задолжени за прикривање на целиот случај.

Лицето кое ќе даде несобориви докази за идентификување на виновниците, ќе добие награда од 30 милиони долари и нов идентитет.

Агенцијата препорачува заинтересираните да бидат претпазливи и да ги контактираат преку адвокат.

Малезискиот авион кој сообраќаше од Амстердам кон Куала Лумпур беше соборен на 17-ти јули над Украина, на територија каде што трае воениот судир помеѓу проруските и украинските сили, при што загинаа сите 298 патници и членови на екипажот.