300 вработени во Си-Ен-Ен ќе останат без работа

Компанијата „Тарнер Броудкастинг“ објави дека ќе го намали бројот на вработени за 10 проценти, што подразбира и отпуштања во Си-Ен-ЕН, каде без работа ќе останат околу 300 лица, објави МИА.

Оваа мерка има за цел намалување на трошоците, а во следните неколку недели ќе бидат укинати 1.475 работни места од вкупно 14.000 во компанијата ширум целиот свет.

Намалувањето на работни места ќе биде на сите нивоа, информативни, забавни детски и програми за млади.