Неколку населби во скопско утре без струја

Корисниците од селото Горни Крушопек утре од 9:30 до 13 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 6:20 до 7:30 часот без струја ќе бидат и корисниците од селата Мршевци, Грушино, Бујковци, Бучинци и Дељадровци, а од 8:30 до 10:30 часот и корисниците од село Ракотинци.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето закажани технички зафати во дистрибутивниот систем од стран на ЕВН Македонија АД.