Македонија,Политика

Ангелевска: Родовата рамнотежа се огледува во политиката на Владата

Ангелевска: Родовата рамнотежа се огледува во политиката на Владата

„Родовата врамнотеженост се огледува во сите политики и мерки на Владата предовдена од ВМРО-ДПМНЕ.
Со политиката на ВМРО-ДПМНЕ за субвенции за трето дете затри години , бројот на корисници е три пати зголемен. Од над 5000 во 2010 на над 14 000 мајки кои родиле трето дете, во 2013 година,“ истакна Анита Ангелевска претседателка на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ, Битола.

Таа потенцираше дека мајките веќе не мора да се грижат за високите трошоци за школување на своите деца . Денес тие добиваат бесплатни учебници и превоз.

„Жените се значително застапени и меѓу речиси 120те илјади нововработени во Македонија.Повеќе од половината 22 155 пензионери кои користеле поволности за бесплатна климатска рекреација се жени.Девојките доминираат и меѓу зголемениот број студенти. Со мерките за подостапно студирање бројот на запишани студенти од 2006 е зголемен за околу 6000.Жените се кориснички и на редица поволности од реформите во македонското здравството, кое денес со посебно внимание ги третира специфичните женски заболувања.Македонската жена во ВМРО-ДПМНЕ препознава доверлив сојузник за остварување на своите права, за обезбедување поквалитетен живот за себе и за семејството. Тоа се огледува преку се’ поголемиот број жени вклучени во непосредните активности на партијата,“ истакна Ангелевска.