Никовски: Македонија нема да биде примена ниту во НАТО, ниту во ЕУ под референцата

Шансите Македонија да ја примат во НАТО и ЕУ со привремената референца доделена од Обединетите нации се никакви, изјави поранешниот амбасадор Ристо Никовски во „Аргументи“ на ТВ Нова, со Љубиша Николовски на тема „Декларација vs. договор за добрососедство“

Додаде дека нема земјата нема да биде примена во споменатите евраотлантски сојузи, затоа што Македонија со тоа ќе го добие правото на вето.

„Доколку влеземе со референцата во НАТО или во ЕУ, никој потоа нема да нѐ прекрстува, ќе имаме право на вето. На некој начин секој ќе зависи од нас“, истакна Никовски.

Во продолжение, долгогодишниот дипломат рече дека никој нема да направи историска грешка да прифати прекрстување на земјата и народот.

„Никој во оваа држава нема да најде сила за да направи историска грешка и да прифати прекрстување на државата и народот“, истакна поранешниот амбасадор Ристо Никовски.

Смета дека во спротивно „би се вратиле комитите и ќе се направат поголеми неволји“.

За Никовски, Европската Унија е цивилизациско достигнување на Европа и за него нема враќање назад. Но, додаде, Европската унија последните години е во тешка криза.

„Меѓутоа тој концепт на обединета Европа е фасцинантен, историски и нема да биде доведен во прашање макар Унијата да се смали на три членки. И така повторно ќе опстои и ќе се рашири“, истакна Никовски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.