ГРОМ: СДСМ-овскиот идиотизам од изминативе два дена денеска кулминираше праќаат активисти да уништуваат

Полудени од убавината и атрактивноста, а пред сѐ, од желбата и интересот за користење на лулашките и детските реквизити во новоотворениот модерен парк од страна на најмладите жители, не само од Карпош, туку од цело Скопје, СДСМ навечер праќа свои активисти да го уништуваат паркот за потоа преку ден да држат прес конференци, реагираа од ГРОМ на денешната прес-конференција на социјалдемократите.

„Убавите паркови, фасадите, покривите на зградите и индивидуланите куќи, реновираните лифтови, новите училишта, стипендиите и наградите на учениците, асфалтирањето на улиците не можат да бидат предмет на фарбање од страна на „Шарената револуција“, велат од ГРОМ.

Од ГРОМ, исто така, наведуваат дека СДСМ сега имаат нова стратегија, а тоа е уништување лулашки, клупи, клацкалки и други детски реквизити.

„Граѓаните на Општина Карпош се среќни што фекалната и атмосферската канализација е длабоко во земја, инаку активистите на СДСМ би се претвориле во стаорци, за да тоа што е добро направено за граѓаните на Општина Карпош да го уништат. Прашуваме зошто со нож ги сечевте јажињата на лулашките?“, велат од ГРОМ.

Го поставуваат прашањето зошто кога активестите од СДСМ виделе дека не можат да ја срушите лулашката се вратиле дома за да земат клучеви (крцкалка), за да ја превртат и од не да прават фотосесија.