Ќе се реконструираат улиците „Тодор Чангов” 20 и „Ѓорѓи Лапчев“ 9 во Лисиче

Градоначалниците на Град Скопје и на Општина Аеродром, Коце Трајановски односно Ивица Коневски, во неделата го најавија проектот за реконструкција на улиците „Тодор Чангов 20“ и „Ѓорѓи Капчев 9“.

„Градот Скопје продолжува со поддршката на општините за подобрување на локалната патна и комунална инфраструктура. Денеска сме тука со градоначалникот на Аеродром да промовираме проект кои ќе го реализираме заедно, по пат на меѓуопштинска соработка. Градот Скопје ќе учествува со 50 проценти од сумата потребна за реконструкцијата на овие 2 улици. Инаку двете улици се со должина од 1250 метри, и со ширина од 6 метри и 3 метри тротоари од двете страни, кои е дибат реконструирани. Дополнително по целата оваа траса ќе биде поставено и ново улично осветлување. Со ова сметам дека ќе се значително ќе се подобрат условите во овој дел од општина Аеродром“, рече скопскиот градоначалник Трајановски.

Градоначалникот на Општина Аеродром Коневски изјави дека овој проект е само еден од многуте кои општината и Градот заедно ги реализираа за подобрување на животот во општината.

„Инвестициите во Општина Аеродром продолжуваат. Изминативе години се изградени двата фекални колектори и препумпната станица, над 50 километри фекална канализација, нови паркови, над 9 километри нови тротоари, првата градинка во руралниот дел, нова спортска сала во Основното училиште ‘Гоце Делчев’. По реконструкцијата на улиците ‘Тодор Чангов’ и ‘Ѓорѓи Капчев’, како и дел од улицата ‘Горно Лисиче’, сакам да информирам дека објавен е тендер за реконструкција на улиците ‘Тодор Чангов 20’ и ‘Ѓорѓи Капчев 9’, кои се протегаат од крстосницата со булеварот ‘Февруарски поход’ до улицата ‘Ѓорѓи Капчев’. Тендерот треба да заврши во текот на месец август и до октомври истата целосно да биде реконструирана“, рече градоначалникот Коневски.