314 јавувања за два дена на Ало докторе!

Изминативе два дена на телефонската линија на Ало докторе!, односно 15123 се јавиле 314 лица, соопштуваат ЈЗУ Здравствен дом Скопје.

Само две лица се препратени на Итната медицинска помош. Најголем број од јавувањата биле со совети во врска со фебрилни состојби и настинки, притисок, главоболки и кардиоваскуларни симптоми.

Денеска дежурна е д-р Емилија Велкова, директор на Клиниката за трансфузиологија, а во понделник медицински совети ќе дава д-р Зоран Спировски, директор на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија.