Д-р Кирил Пецаков е нов претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид

На вчерашниот состанокот, на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за нов координатор на ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид е избран д-р Кирил Пецаков, кој е истакнат член на партијата.

Пецаков беше претседател на Унијата на млади сили при ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид и член на Извршниот комитет на УМС ВМРО-ДПМНЕ, како и член на ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид во периодот од 2008 до 2011 година, а од 2009 до 2013 беше советник во општина Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Пецаков важи за еден од најуспешните претседатели на Унијата на млади сили, на ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

Покрај политиката, Пецаков е вработен како стоматолог во Здравствен дом Охрид, а подолг временски период активно играше ракомет и беше капитен на РК Охрид. Пецаков е оженет и е татко на едно дете.