Ниту сме ја иницирала постапката за блокирање, ниту имаме желба Комбинатот да се затвори

„Енерџи Деливери Солушнс, ЕДС ДОО Скопје по наведените невистини и обиди за нарушување на угледот на компанијата кои беа изнесени во одредени медиуми како и по соопштението до медиумите од ФЕНИ ИНДУСТРИ АД Кавадарци, би сакале да ја дадеме следната изјава.

Друштвото ЕДС ДОО Скопје е компанија која своето работење го темели на професионалност, етичност и чесност кон сите свои партнери и клиенти. Од тие причини како и поради почитување на начелото на доверливост на информации нема да навлегува во коментирањето на невистините и обидот за вмешување на компанијата во дневно политичките преписки низ одредени медиуми.

Би сакале да потенцираме дека, ЕДС ДОО Скопје ниту ја иницирала постапката за блокирање на сметките на ФЕНИ ИНДУСТРИ АД ниту пак има желба ФЕНИ ИНДУСТРИ АД Кавадарци да се затвори. Напротив, ЕДС ДОО Скопје како и досега а така и понатаму својата иднина на македонскиот пазар ја гледа во соработка со успешни и просперитетни компании во кои несомнено ја вклучуваме и ФЕНИ ИНДУСТРИ АД Кавадарци.

Воедно, со оваа изјава сакаме да порачаме дека доколку и понатака се продолжи со изнесување невистини од страна на одредени медиуми и политички партии со кои ќе се наруши угледот и честа на ЕДС ДОО Скопје ќе бидеме принудени да преземеме соодветни правни постапки против истите“, се наведува во реакција на компанијата.