Робињо осуден на девет години затвор за групно силување

Триесет и тригодишниот поранешен бразилски фудбалски репрезентативец Робињое осуден на судот во Милано на девет години затвори поради учество во групно силување на 22-годишна Албанка.

Случајот се одиграл уште во 2013 година, додека Робињо настапуваше за Милан, а освен него на затворски казни се осудени уште петмина мажи.

Робињо и неговите пријатели се осудени бидејќи во еден милански ноќен клуб ја силувале младата девојка. Пресудата е неправосилна и Робињо, кој во моментов се наоѓа во татковината, има право да се жали.

Ова не е првпат овој бразилски напаѓач да има проблеми со законот. Во периодот додека настапуваше за Манчестер Сити беше повикан на полициско распрашување откако 19-годишна студентка го пријави за сексуално вознемирување.

Робињо во моментов игра за Атлетико Минерио, а ги носеше дресовите на фудбалските гиганти како Сантос, Реал Мадрид, Милан, Манчестер Сити и кинескиот Гуанжу Евергранде. За репрезентацијата на Бразил одигра 100 натпревари на кои постигна 28 голови.