Пукање во Охрид, еден повреден

Вооружен инцидент околу 14 часот се случил во Охрид, потврдија од СВР Охрид.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски во изјави дека инцидентот се случил на крстосницата на булеварот „Туристичка“во близина на кружниот тек со улица „Бистрица“.

„Извршен е напад врз лице од Охрид. Пукано е кон лицето од огнено оружје, пиштол. Лицето се здобило со повреди во пределот на потколеницата и е пренесено во болницата „Св. Еразмо“, каде се наоѓа надвор од животна опасност“, вели Димоски за Курир.

Тој додава дека по напаѓачот се трага и се преземаат сите мерки за целосно расчистување на случајот