Реал Мадрид го разби ПСЖ, Ливерпул го демолираше Порто

Реал Мадрид во финишот го победи ПСЖ, Ливерпул го демолираше Порто (ВИДЕО)
Иако не блескаше, Реал Мадрид со два гола во последните десет минути дојде до победа од 3:1 против ПСЖ и направи солидна предност за реваншот, Ливерпул со 5:0 го победи Порто на Драгао.

Реал Мадрид не одигра на највисоко ниво, но големите клубови победуваат и кога не им оди. ПСЖ во голем дел од мечот беше подобар противник, но кога реши да се брани го загуби натпреварот.

Првата шанса ја имаше Роналдо во 30 минута кога излезе сам пред голманот на ПСЖ, но го погоди само во главата. Брзо потоа стигна казна, Рабио постигна гол за водство на францускиот тим од 1:0.Пред самиот крај на првото полувреме Кристијано Роналдо од пенал го изедначи резултатот и ја врати надежта кај навивачите на Реал Мадрид. ПСЖ играше одлично и беше поблиску до ново водство, но во 66 минута Емери реши да се брани, го извади Кавани а на негово место го стави дефанзивецот Моние и погреши.

Роналдо во 83 минута постигна среќен гол за водство на Реал Мадрид од 2:1, а три минути подоцна погоди и Марсело за конечна победа од 3:1. ПСЖ има капацитет да се врати и од оваа негатива, но Реал Мадрид има поголеми шанси за пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Ливерпул со убедливи 5:0 го прегази Порто во Португалија и уште во првиот меч го реши прашањето за патникот во четвртфиналето. Ниту најголемите оптимисти навивачи на црвените не очекуваа ваков резултат, но тимот на Јирген Клоп се враќа со недостижна предност. Играч на натпреварот беше Мане кој реализираше хет-трик, тој го отвори резултатот во 25 минута и стави крај на серијата погодоци во финишот од мечот. Останатите два гола беа дело на Салах и Фирмино. Лошата одбрана на Порто беше главниот виновник за овој огромен пораз по кој португалскиот тим може да се фокусира на борбата за титулата во домашното првенство.