Шест турски новинари осудени на доживотен затвор

Суд во Истанбул осуди на доживотен затвор шест новинари обвинети за учество во обидот за пуч во 2016 година, пренесува агенцијата Anadolu.

Меѓу осудените се Ахмет Алтан, поранешен главен уредник на весникот Taraf, неговиот брат, новинарот Мехмет Алтан и познатата новинарка Назал Алаџак.

Новинарите беа обвинети за врски со исламскиот проповедник Фетула Ѓулен кого Турција го смета за организатор на неуспешниот обид за воен преврат на 15-ти јули 2016 година. Ѓулен негира такви обвиненија.

Шестемина новинари беа обвинети за обид за уривање на уставниот поредок и членство во терористичка организација

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.