Тотенхем ремизираше кај Брајтон

Во првиот натпревар од 35-то коло од англиското фудбалско првенство Брајтон енд Хоув Албион и Тотенхем Хотспур одиграа без победник 1:1 (0:0).

Гостите поведоа преку Кејн во 48 минута, а израмни Грос од пенал во 58 минута.

Тотенхем остана четврти со 68 бодови, два помалку од третиот Ливерпул, додека Брајтон е 13-ти со 36 бодови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.