„Селтикси“ го демолираа „Кливленд“ за водство во финалето

Кошаркарите на „Бостон Селтикс“ ги декласираа „Кливленд Кавалирс“ во првиот натправар од финалето на Источната конференција, вчера во Бостон со 108:83, иако настапуваат без повредените Ка јл Ирвинг и Гордон Хејворт.

„Бостон“ во регуларниот дел од сезоната беше втор, а „Кливленд“ четврти, но гостите се фаворит во дуелот, пред се поради некомплетниот состав на „Селтикси“, како и поради неискуството на младите играчи, кои, пак,  играат фантастично во доигрувањето.

Натпреварот беше решен во првата четвртина во која Ал Хорфодр постигна десет поени за 36:18 во која по водството на „Клиперс“ од 7:5, „Бостон“ постигнаа 20-ина коша, а примија само 2. Домаќините одиграа фантастична одбрана, па Леброн Џејмс по неколку неуспешни обиди почна да асистира на соиграчите, но тие имаа лош шутерски ден. „Селтикси“ одиграа одлична одбрана и врз Кевин Лав, кој беше оставен да игра во рекетот, па изостанаа неговите кошеви од дистанца. Тој одигра и лоша одбрана врз Хорфорд во првите минути од натпреварот што беше доволно „Бостон“ да се одлепи. Домаќините само постепено ја зголемуваа предноста со одлична игра на Џејлен Браун и Џејсон Тејтум па на полувреме резултатот беше 61:35.

Гостите во првото полувреме имаа катастрофален шут од 0:13 за три поени, а Џејмс, подели седум асистенции. До крајот „Клиперси“ немаа решение за извонредната игра на домаќините, па гостите во четвртта четвртина играа со играчи од клупата за убедливи 108:83. Најдобри кај домаќините беа Браун со 23 коша и 8 скока и Маркус Морис со 21 поен и десет скока, но и одлично одиграна одбрана врз Џејмс. Хорфорд надополни со 20 поени и 4 скока, како и Тејтум со 16 поени, 6 сскока и 3 асистенции.
Кај „Клиперси“ најдобри беа Лав со 17 коша, 8 скока,  3 асистенци,  додека „кралот“ имаше 15 поени, со 7 скока и десет асистенциии, а Тристан Томпсон со 11 скоја и 8 поени.

Наредниот натпревар се игра истот така во Бостон во вторник.