Темелност наспроти површност, смиреност наспроти хаотичност и бесцелност на мислата

Вчерашната дебата беше повеќе од потребна затоа што немањето дебата ја релативизира сериозноста на политиката и на политичкото владеење што е многу негативно за државата и за граѓаните. Од оваа перспектива, ја поздравувам подготвеноста на лидерот на опозицијата да излезе на мегдан со премиерот и преку аргументи, факти и вистина да се видат крупните разлики што се толку очигледни меѓу нив двајца во однос на крупните прашања за развојот на државата, но и во однос на зачувувањето на името и идентитетот на државата.

Ова го истакнува професорката Тања Каракамишева-Јовановска во изјава за КУРИР.МК.

„Од една страна, видовме изгубеност, деконцентрираност, површност, лаги, малограѓански штосови, и продавање магла на големо, добро познатите и веќе излитени финти на Заев, додека од другата страна слушнавме издржани тези, аргументирани тврдења, факти, прецизни бројки и концепт кој дава надеж, наспроти понудената национална провалија. Иако станува збор за две личности кои не можат да бидат споредувани, бидејќи се неспоредливи сами по себе, сепак фактот дека биле на заедничка дебата ја наметнува потребата од компарирање на нивните ставови и погледи за многу прашања. Кога компарираме вообичаено бараме сличности и разлики. Во случајов Заев-Мицковски не може да се пронајде ниту една сличност, бидејќи едноставно сличности на постојат. Кога зборуваме за компарирање на разликите, е тука има бааги многу да се редат и што да се потенцира“, вели таа.

Професорката оценува дека првата клучна разлика е во однос на несериозниот и неподготвен пристап на Заев кон самата дебата.

„За него очигледно дебатава и не му значела ништо бидејќи тој си е целосно потпрен на друго столче и не го интересира мислењето или впечатокот што ќе го остава кај граѓаните, за разлика од него на лидерот на најголемата опозициска партија и те како му е важно мислењето на граѓаните поради што тој и сериозно се имаше подготвено за дебатата. Од оваа несериозност наспроти сериозност потоа можат да се видат или да се извлечат на површина сите други разлики што следат. Темелност наспроти површност, смиреност наспроти хаотичност и бесцелност на мислата, аргументирано докажување на реалноста наспроти фалш тврдења и факти извлечени од ракав во последен момент, концепт и стратегија наспроти продажба и трговија на големо, стаменост во идеите наспроти шарлатантство и опасна површност“, Каракамишева – Јовановска во изјавата за КУРИР.

„Компарацијата на двајцата лидери во случајов е дури и непотребна ако се има предвид фактот дека меѓу нив двајца не може да се пронајде ниту најмал заеднички содржател, ниту пак може да се лоцира најмал заеднички делител! Компарацијата на Заев и на Мицкоски е отприлика како да ги споредуваш сликите на Пикасо со слика нацртана од некој тотално непознат наивец, или како да ја споредуваш глетката од Гранд Кањон со погледот кон реката Луда Мара во Кавадарци! Ќе се согласите тука споредбата нема никаква смисла, ниту значење“, посочува на крајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.