370 семки од канабис пронајдени кај струмичанец

СВР Струмица поднесе кривична пријава против дваесет и седумгодишниот струмичанец В.Ј поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 24.04.2014 година, во Струмица при извршен преглед на Е.Р. од Струмица е пронајдена 1,56 грама наркотична дрога марихуана, која ја набавил истата вечер од В.Ј. Извршен е претрес во домот на пријавениот, при што се пронајдени 375 семки од растението канабис сатива, 0,70 грама мешавина од тутун и марихуана, дробилка и вага.