Луда среќа: Нашле 4, 5 милиони долари во златни монети од потонат брод (фото)

Нуркачи во Флорида освоија вистински џекпот, откако нашле 4, 5 милиони долари во златни монети од потонат брод. Станува збор за ретки монети кои што нуркачите ги пронашле во шпански брод кој потонал крај брегот на Флорида пред 300 години, пренесува Раша тудеј.

Инаку, местото е мошне познато меѓу трагачите на скапоцености, откако претходно на истото место биле пронајдени богатства во вредност од еден милион долари.

Нашле 4, 5 милиони долари во златни монети од потонат брод
Нашле 4, 5 милиони долари во златни монети од потонат брод

Повеќе од 350 златни монети, меѓу кои 9 кралски монети беа пронајдени на 30-ти и 31-ви јули. Ова неверојатно откритие се случи точно на 300 – тата годишница, напиша групата на проучувачи на остоци од историските бродови Флота 1715 – Куинс џулс ЛЛЦ, на нивната Фејзбук страница.

Кралските монети датираат од 1715-тата година и биле исковани за време на владеењето на кралот Филип Петти (1683 – 1746).

Луѓето сакаат приказни за богатства. Тие се интересни за секого, за младите и старите, сиромашните и богатите. Луѓето се збунети затоа што ние буквално ги најдовме монетите на 3 до 4, 5 метри од плажата во длабочина од 0, 6 до 0, 9 метри, вели основачот на групата Брент Бризбен.

Нашле 4, 5 милиони долари во златни монети од потонат брод
Нашле 4, 5 милиони долари во златни монети од потонат брод

Според еден од нуркачите кои нашле 4, 5 милиони долари во златни парички од потонат брод, Вилијам Бартлет  вели дека ова откритие е еднакво на освојување златен медал на Олимпијада.

Бризбен вели дека сосема случајно откритието на златните монети се поклопило со 300 – тата годишница од потонувањето на бродот.

Беше магично. Она што е неверојатно е дека монетите ги најдовме точно на годишнината. На 30-ти јули најдовме 230 златни монети, а бродот потонал во ураган на 30-ти јули во 1715-тата година, вели Бризбен.

Бродот се враќал од Хавана, Куба во Шпанија кога бил погоден од ураган во близина на денешниот град Веро Бич во Флорида. Единаесет од 12 чамци биле загубени во несреќата. Околу 1.000 лица загинале, а 1.500 преживеале и успеале да испливаат на копно.

Нашле 4, 5 милиони долари во златни монети од потонат брод
Нашле 4, 5 милиони долари во златни монети од потонат брод

Според Бризебн, шпанскиот конвој, пренесувал пари во вредност од 400 милиони денешни долари, од кои околу 180 милиони долари веќе се пронајдени.

Доказ дека брегот на Флорида е богат со шпанско богатство е тоа дека дел од монетите од 300 години стариот брод од време на време се појавуваат на брегот.

Претходно во јули, истата група нуркачи објави дека пронашле златни предмети во вредност од еден милион долари, меѓу кои и кралска монета од шпанскиот крал.

Инаку, државата Флорида ќе задржи 20 отсто од богатството и ќе го постави во локалните музеи, а нуркачите ќе го поделат остатокот од пронајденото богатство.