40.000 пчели слетаа во центарот на Њујорк

Полицијата во Њујорк блокираше дел од 43 улица и Бродвеј по дојавата дека над 40.000 пчели слетале на покривот на штанд за храна, пренесува Independent.

Несекојдневната глетка привлече многубројни минувачи кои се насобраа да сведочат на тој неверојатен момент. Специјалното одделение на њујоркшката полиција ја презеде работата во свои раце.

Припадници на полицијата, облечени во заштитни одела, со помош на посебен уред за еден час успеаја да ги стават пчелите во посебен контејнер и да ги транспортираат во нивниот нов дом на Лонг Ајленд.

 

 

 

Се верува дека пчелите долетале на штандот за храна поради големите горештини.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.