40 деца од СОС Детско село на летување благодарение на компанијата Трансмет

Четириесет деца од СОС Детското село успеаја да заминат на тринеделен незаборавен одмор во СОС летниот камп Калдонацо Италија, благодарение на градежната компанија Трансмет која ги обезбеди средствата за покривање на превозот.

Децата од 5-ти до 26-ти јули уживаа во Италија, а денес претставници на компанијата ги посетија истите каде децата им ги раскажаа своите импресии и доживувања од 20 дневниот престој поминат во овој камп наменет за деца од цела Европа.

Директорката на детското село-Јулијана Гапо во знак на благодарност додели благодарница на директорката за општи и правни работи во Трансмет -Асмира Кочан, а децата и врачија цртеж со летни мотиви.

-Летниот камп е основан е од страна на меѓународната организација на СОС Детски села во 1953 година со цел на децата кои растат во европските СОС Детски села да им се овозможи бесплатен летен одмор во времетраење од три седмици. Сместени во бунгалови и шатори, децата имаат целодневна организирана програма полна сокреативни и спортски активности. Во СОС летниот камп Калдонацо деца од различни земји имаат прилика да се дружат, да ја претстават својата земја и да научат нешто повеќе за земјите од кои доаѓаат нивните нови другарчиња, соопштуваат од СОС Детско село.

Целта на ваквиот активен одмор е јакнење на самодовербата и развивање на вештини за соработка и ненасилна комуникација истоврeмено и мултикултурна интеграција и развивање толеранција и прифаќање кај децата во социјален ризик.