40 граѓани од виничко поднесоа пријави за штети од поплавите

Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од Виница по направениот увид на терен и пријави од граѓани информира дека  со поплавите во овој регион се зафатени 300 хектари земјоделски култури, од кои директна штета е направена на 90 хектари, пренесува МИА.

Најмногу настрадале површините под есенски жита и тоа 34 хектари кои се  наоѓаат  во близина на коритата на реките Осојница и Брегалница,чие излевање беше и најголемо за време на поплавите.

 Инаку, во општина Виница досега се поднесени 40 барања од граѓани со пријави за штети кои се однесуваат најмногу на земјоделски површини и паднати зидови од свлечување на земја.

 Од општина Виница истакнуваат дека проценката на штетата допрва ке се утврдува.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.