40 отсто од Романците се на прагот на сиромаштијата

Околу 40 отсто од Романците се наоѓаат во опасност од сиромаштија, а земјата е претпоследната во Европа, пред Бугарија, според овој показател, во ситуација кога под закана од сиромаштија во ЕУ просечно се наоѓа 25 отсто од населението, пишува денеска романскиот весник „Путера“, цитирајќи на еврокомесарот за земјоделие Фил Хоган, кој беше во посета на Романија.

– Знам дека околу 40 отсто од населението на Романија е во опасност од сиромаштија и социјална исклучивост, на второ место по Бугарија. Просечното европско ниво изнесува 25 проценти. Сиромаштијата во Романија силно е концентрирана во селските реони, пред се, поради лошата инфраструктура и недостигот од работа – рече еврокомесарот за земјоделие, кој заедно со европскиот комесар за регионален развој беа во посета на оваа земја.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.