Околу 40 згради во општина Kарпош ќе добијат нови фасади

До крајот на оваа година околу 40 згради во Општина Карпош ќе добијат термоизолациски фасади, а оваа општина ќе биде првата во градот Скопје која што ќе почне со гасификација.

За ова го информираше градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој денеска е во посета на Општина Карпош.

Груевски најнапред разговараше со жителите на улицата „Теодосиј Гологанов“ каде е веќе започнато ставањето на термоизолација на зградите, за што жителите изразија големо задоволство.

Посетата на Груевски на Нерези од ноември 2015-тата година
Посетата на Груевски на Нерези од ноември 2015-тата година

Груевски беше информиран дека фасадите на сите згради кои гледаат кон булеварот „Теодосиј Гологанов“ ќе бидат обновени во следниот период, исто така дека спроти поранешна „Алумина“ ќе биде изградена црквата „Кузман и Дамјан“, а во овој дел од општината Карпош ќе биде изграден и парк со плоштад.

Градоначалникот Јакимовски смета дека во следните 10 години ќе бидат обновени фасадите на сите згради во Општината.

Груевски направи увид на градежните работи на новата зграда на Општината Карпош, а потоа ќе ја посети и населбата Влае.