Свет

401,3 милиони евра за справување со бегалската криза

401,3 милиони евра за справување со бегалската криза

Европскиот парламент доцна синоќа даде зелено светло за нови 401,3 милиони евра, кои ќе бидат искористени од ЕУ до крајот на годината за совладување на бегалската криза.

Одделувањето на тие средства беше предложено од ЕК и одобрено од буџетската комисија на ЕП во понеделникот.

Тие треба да бидат искористени од земјите-членки, најсилно засегнати од имиграцискиот проток, од трети земји кои прифатиле најголем број сириски бегалци, како и од европски служби, пренесува МИА.

– Парламентот разбира колку е вонредна ситуацијата со бегалците, рече европратеничката Ејдер Гардиасабал, која работи по прашањата за буџетот во Европарламентот.

Дваесет и осумте држави членки ветија 330,7 милиони евра за овогодинешниот буџет на ЕУ, но ќе треба да ги исплатат тие пари дури идната година.