Македонија

43.000 осигуреници немаат здравствени картички – се чека нов тендер за нивно печатење

43.000 осигуреници немаат здравствени картички – се чека нов тендер за нивно печатење

Електронски здравствени картички со уште чекаат 43.000 осигуреници на Фондот за здравствено осигурување, иако барањето за нивно издавање го поднеле пред повеќе месеци, пишува „Вест“.

Изработката на електронски здравствени картички за 43.000 осигуреници е неизвесна, бидејќи во моментот нема нов договор за нивно печатење. Претходниот договор, како и анексот кон него кој го потпиша Министерството за здравство со хрватската фирма АКД се веќе истечени.

„Во моментов, во нашите подрачни служби има 90.000 картички кои се изготвени, но осигурениците не дошле да ги подигнат. Точно е дека има 43.000 барања за ЕЗК, кои не се печатат, и за тоа е известена Владата, зашто е истечен претходниот договор. Понудени се неколку можни решенија до Владата како, на пример, да се распише нов тендер или да се направи анекс со фирмата која досега ги печатеше или да се набави опрема сами да ги печатиме. Има повеќе понудени решенија и се чека одлука од Владата”, велат за „Вест“, од Фондот за здравствено осигурување.
Од Министерството за здравство  ја разгледуваат можноста да склучат договор со постојниот или со друг економски оператор.