430 повредени при судир на две метроа во Јоханесбург

430 повредени при судир на две метроа во Јоханесбург
430 повредени при судир на две метроа во Јоханесбург

Повеќе од четиристотини патници се повредени при судир на две метроа во Јоханесбург.

Спасувачките екипи се уште ги пребаруваат вагоните, стравувајќи дека можеби во нив има има уште заробени патници.

Според јужно африканските власти, во несреќата нема жртви, но има неколку десетици тешко повредени и се пренесени во болница.

Судирот се случил во предградието на Јоханесбург, Бујсенс, кога од се уште неутврдени причини приградски воз излетал од шините и се забил во друг воз кој стоел на железничката станица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.