Македонија,Крими хроника

ФОТО: Гори зграда во Тетово

ФОТО: Гори зграда во Тетово

Пожар во седум катница во тетовската населба Блок 70 избувнал попладнево околу 14 часот. Полицијата и противпожарните екипи се на терен и се прават напори да ги евакуираат жителите на зградата кои се во своите домови и на терасите.

pozar-tetovo-500

Според првичните информации, се’ уште не е познато како дошло до избувнување на пожарот во подрумските простории. На терен се противпожарни екипи кои се уште се борат со огнената стихија  и се обидуваат истиот што поскоро да го изгаснат.

pozar-tetovo2-500

 

Надлежните бараат начин како да ги евакуираат останатите жители на зградата која е цела во чад.

Според наофицијалните информации неколку лица веќе се пренесени во болница поради вдишување на чад, a повредени се двајца пожарникари.

pozar-tetovo3-500

Порталот tetovasot.com, пак јавува дека од зградат се евакуирани едно хендикепирано лице, бебе и три жени.

 

ФОТО: tetovasot.com