450 евра казна за неисплаќање минимална плата

Работодавачите што нема да го почитуваат Законот за минимална плата ќе бидат казнети по 300 евра за секој работник што не му исплатиле минималната плата и 150 евра за одговорното лице. Ова го предвидуваат измените на Законот за минимална плата што денеска го донесе Собранието.

Министерот за труд и социјална политика на прес-конференција во Министерството истакна дека доколку работодавачот во рок од седум дена ја плати глобата постои можност за намалување од 50 проценти од износот, пишува МИА.

– Со ваквиот нов концепт овозможуваме поправично санкционирање за оние што не го почитуваат Законот. Помалите компании што имаат помал број работници ќе платат пониска казна, а работодавачите со поголем број вработени ќе плаќаат повисока казна. Со тоа ќе овозможиме систем, со кој ќе се оневозможи исплаќањето плата пониска од минималната, односно ќе ги дестимулира приватните компании да исплаќаат такви плати и ќе ја оневозможи злоупотребата, појасни Спасов.

Тоа, додаде, ќе овозможи доследна примена и заштита на работничките права.

Законот за минималната плата од 8.000 денари е донесен во 2012 година. На почетокот на 2014 се овозможи зголемување на 8.800, оваа година 9.500 денари, а идната година минималната плата треба да се зголеми на 10.080 денари.

Претходно доколку Државниот инспекторат за труд утврдеше дека не се почитува Законот оставаше рок од 7 дена за работодавачите да ја исплатат минималната плата, а ако не се испочитуваше рокот следуваа глоби од 8 до 9.000 евра за правното лице и од 5 до 6 илади евра за одговорното лице.

Од над 15.000 контролирани работодавачи, над 217.000 работници оствариле плата повисока од минималната. Околу 47.000 работници оствариле плата согласно Законот за мининмална, но за 6.800 работници утврдено е дека во одреден момент добиле пониска од законски утврдената минимална плара. Во 99 проценти од нив во предвидениот рок од седум дена ја исплатиле

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.